За една недела требаше да родам девојче, умре во 39. недела

Ова е потресна приказна за една мајка која родила мртвородено дете во 39.недела од бременоста.

2040

Минатото лето, една недела пред договорениот царски рез, Кристин Нејлор отишла на рутиснки преглед кај гинекологот. За жал, ѝ кажале дека нејзиното бебе нема срцеви отчукувања. Неколку часови подоцна Нејлор ја родила мртвородената Ејби. Неколку месеци пред породувањето, Нејлор ја контактирала фотографката Мег Брок за да резервира термин за семејно фотографирање кога ќе се роди малата Ејби. Брок се согласила и редовно ја следела бременоста на Нејлор на Инстаграм. Како што се приближувал терминот, така нејзиниот профил бил исполнет со фотографии од розеви фустанчиња. Но кон крајот на јули наместо фотографија со своето бебенце, ставила фотографија на која сонцето се пробива низ облаци.

Во 39.недела Ејби била мртвородена. Набрзо по нејзиното раѓање, Кристин објавила фотографија на која ја држи Ејби. Таа продолжила да пишува за својата тага, а најпосле Брок ја исконтактирала и ја прашала дали е можеби заинтересирана за фотографирање во спомен на Ејби. Кристин и нејзиниот сопруг имаат две момчиња од 4 и 2 ипол години. Не се обидувале да добијат девојче – но кога дознале дека е бремена и дека носи девојче биле пресреќни и возбудени.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Фејсбук/Meg Brock Photography

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...