За еден месец купени близу 6.000 картички и тагови за електронска наплата на патарина

Цената на електронската картичка е 100 денари, додека на тагот е 1.200 денари.

666

Граѓани за еден месец купија над  5 870 електронски картички и тагови за електронска наплата на патарините. Моментално тие се употребуваат само за наплаќање патарина на автопатот од  Коридорот 10, но од мај следната година ќе се применуваат на сите патарини.

Плаќањето патарина со електронски картички е поевтино за 2 до 7 отсто во однос на плаќањето во кеш, бидејќи при секое надополнување се добива попуст. За полнење од 201 до 10.000 денари попустот е 2 отсто, од 10.001 до 50.000 денари попустот е 3 отсто, од 50.001 до 300.000 денари попустот кој го добива корисникот е 7 отсто.

Цената на електронската картичка е 100 денари, додека на тагот е 1.200 денари.

Картичките и таговите се достапни на наплатните станици на Коридор 10 и во Контролниот центар во Петровец. Полнењето на картичките и проверка на состојбата може да се направи и онлајн.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...