Германската полиција денеска соопшти дека во баварскиот град Вирцбург уапсила две лица осомничени за снимање и дистрибуција на детска порнографија.
Осомничените на „даркнет“ дистрибуирале материјали на кои се прикажани момчиња.
Истражителите соопштија дека еден од осомничените бил поврзан со Центар за грижа за децата, но не открија повеќе детали.
Оосомничените се уапсени откако полицијата извршила претрес во Центарот за грижа за децата.