За две години гасоводот ќе мине покрај Кавадарци

Сугарески истакна дека се работи и на проектот за подобрување на водоснабдувањето во Кавадарци, финасиран од германската КФВ банка.

308

Очекуваме некаде до 2020 година да биде изграден овој магистрален гасовод и понатаму сите општини да почнат да ги поврзуваат домовите на граѓаните и компаниите со гасоводната мрежа, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој денеска се сретна со градоначалникот Митко Јанчев со кого разговараше за инфраструктурните проекти што се реализираат во Кавадарци.

Министерот Сугарески го информираше градоначалникот Јанчев за проектите од патната и комуналната инфраструктура и гасификацијата што се реализираат во Кавадарци, како и за проектите кои Министерството за транспорт и врски планира да ги отпочне во периодот што следува. Градоначалникот го запозна министерот со проектите што ги реализира општината.

Двајцата извршија увид во реконструкцијата на северниот булевар на општината, проект кој се реализира во соработка со ЈП за државни патишта.

– Владата е исклучително посветена на гасификацијата, како еден од најзначајните капитални проекти. Овде минува магистралниот гасовод што се гради од Неготино до Битола. Гасоводот ќе се донесе точно до индустриската зона Кавадарци за да може понатаму сите компании да се врзат на гасоводната мрежа. Очекуваме некаде до 2020 година да биде изграден овој магистрален гасовод и понатаму сите општини да почнат да ги поврзуваат домовите на граѓаните и компаниите со гасоводната мрежа. Бенефитот ќе биде огромен за сите, како со заштеда на средства, така и за заштита на животната средина – рече Сугарески.

Во текот на оваа година, некаде на есен ќе почне рехабилитацијата на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, како и транзитниот дел на Кавадарци.

Сугарески истакна дека се работи и на проектот за подобрување на водоснабдувањето во Кавадарци, финасиран од германската КФВ банка.

– Очекувам на наредната Седница на Влада информацијата да помине и потоа да се потпише Сепаратниот договор помеѓу КФБ банка и Министерството за транспорт и врски, за да може средствата да се користат – додаде тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...