Турски борбени авиони извршиле прелети и нарушување на грчкиот воздушен простор за време на Велигденските празници, информира грчкиот Генералштаб.
И покрај континуираните напори меѓу Атина и Анкара за заживување на мерките за градење доверба, нарушувањето на воздушниот простор на Велигден покажува дека пред двете страни се уште постои долг пат.
Анкара вчера издаде два навигациски телекса за резервирање на зони во Егејското Море и Источниот Медитеран за вежби. Турција планира да спроведе истражување во континенталниот гребен на Грција во текот на летото.
Грчки аналитичари зголемениот притисок на Турција го препишаа на продлабочување на врските меѓу Вашингтон, Атина и Никозија.