За автопатот Миладиновци-Штип ќе почекаме до Нова година

1052

Пратениците на денешната 60-та собраниска седница го усвоија дневниот ред и започнаа со распава по точките. На барање на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески предложениот дневен ред беше дополнет со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци-Штип и патната делница Кичево – Охрид, по кратка постапка.

Оправданоста за барањето за скратена постапка го образложи министерот за транспорт и врски  Горан Сугаревски, кој нагласи дека предлогот се однесува на автопатот Миладиновци-Штип кој требаше да биде изграден до 30 септември, но поради одредени објективни и субјективни причини, подвлече, се бара пролонгирање до 31 декември годинава.

– Оваа автопатска делница е во финална фаза, ќе биде готова за месец до месец и половина. Остануваат според увидите кои ги правиме работи од техничка природа, односно на одредени места да се доасфалтира, обележување и поставување сигнализација – рече Сугаревски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...