Истражните органи испитуваат повеќе верзии за да ја објаснат несреќата на патничкиот авион Сухој Суперџет 100 на аеродромот Шереметјево во Москва.
Тие верзии вклучуваат недоволна квалификација на пилотите, технички проблеми и неповолни временски услови, изјави денеска руската портпаролка на Истражниот комитет Светлана Петренко.
– Истрагата разгледува различни верзии за падот на авионот, вклучувајќи ги и недоволните квалификации на пилотите, контролорите на летот и техничкиот персонал, кој го прегледал авионот, како и технички проблеми и неповолни временски услови – вели таа.
На московскиот аеродром Шереметјево синоќа се запали авион во кој имаше 78 патници и членови на екипажот, при што загинаа 41 лице, вклучувајќи и две деца.
Претходно денеска беа објавени и снимки од несреќата, на кои се гледа дека пилотот се обидел да слета двапати, пред да се запали. Авионот удрил во пистата, се одбил од неа, па потоа удира на земја, а неговиот заден дел почнува да гори.
Истражителите ги земаа двете црни кутии. Истрагата е во тек.