Захарова: Руските војници ќе останат во Венецуела колку што е потребно

175

 Руски војници во Венецуела учествуваат во спроведување на договорите во областа на воено-техничката соработка и тие ќе останат во земјата толку долго, колку што е потребно, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа додаде дека со стационирањето свои војници во Венецуела, Русија не го менува балансот на силите во регионот и не се заканува никому, „за разлика од некои граѓани во Вашингтон“.

Изјавата на Захарова претставува реакција на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Русија треба да излезе” од Венецуела, како и на најавата на државниот секретар на САД, Мајк Помпео дека Вашингтон не планира да преговара со властите во Каракас и сака да стави крај на влијанието на Русија и Куба врз земјата.

– Ниту Русија, ниту Венецуела не се провинции на САД, рече Захарова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...