Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток

266

Постои доказ дека НАТО му ветил на претседателот на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов дека нема да се шири кон исток, иако генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг го тврди спротивното, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Нема пишани гаранции и ништо не е потпишано, но се случил „џентламенски договор“. Друго е што сите тоа го заборавиле и не сакаат да се сеќаваат, но тоа се случило – истакна Захарова.

Според неа, доказите се наоѓаат меѓу архивираниот материјал од кој неодамна е отстранета ознаката за тајност во САД.

– На состанок во февруари, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му врачи на Столтенберг повеќе изводи од тие документи. Мислам дека од февруари досега Столтенберг имал доволно време да ги прочита – нагласи Захарова.

Таа истакна дека некои западни земји забораваат дека такви ветувања некогаш биле дадени.

– За жал, таквиот став уште повеќе го намалува нивото на доверба и ја покажува вистинската вредност на другите ветувања кои ги дале и моментно ни ги даваат нам или на некој друг – изјави Захарова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...