Захарова: НАТО вежбите на северот на Европа се антируски

97

Претстојните вежби на НАТО на северот на Европа во близина на руската граница се јасно антируски, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

– Бројот на вежбите од широки размери, кои се изведуваат долж нашата граница расте. Така што, во октомври и ноември воените вежби на здружените НАТО сили, кои ќе бидат најголеми во последните 16 години, треба да бидат одржани на норвешка територија, во Балтичкото Море и северниот дел на Атланскиот Океан – изјави Захарова.

Таа додаде дека во тек на тие вежби е „планирана обука во вештини за изведување дефанзивни, а што е од клучна важност, и офанзивни операции.

– Оваа демонстрација на сила треба да биде одржана во директна близина на руските гранци и јасно е антируска. Европскиот север, кој некогаш беше мирен во воен поглед, како и Балтичкиот регион се претвораат во полигон за симулација на масовни борбени операции – порача Захарова.

НАТО од друга страна, вчера соопшти дека големата воена вежба на Русија и Кина наредниот месец покажува дека Москва и натаму е фокусирана на судир од големи размери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...