Косовското правосудство на затворски казни од 2 до 4 години осуди шест државјани на Кососво бидејќи се бореле во редовите на џихадистите во Сирија.
Сите шестмина се прогласени за виновни поради активности во една терористичка група, прецизира судијката Сузана Церкини.
Седмиот член на групата е осуден на услковна казна од 8 месеци затвор поради илегално поседување на оружје.
Околу 300 државјани на Косово се приклучиле на џихадистите во Сирија и во Ирак, според податоците на косовското министерство за внатрешни работи.
Околу 50 загинале, а 120 се вратиле во Косово, од кои дваесетина се уапсени.