Затворска казна за братот на иранскиот претседател

152

Братот на иранскиот претседател Хасан Рохани, осуден е на затворска казна поради корупција.

Иранските медиуми не прецизираат за должината на казната на Хосеин Фереидон, против кого уште во 2016 година беа поднесени обвиненија за финансиски криминал.

Фереидон, инаку и близок соработник на претседателот, има право на жалба. Судскиот процес против него почна во февруари, а тој беше ослободен со кауција за да се брани од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...