Управата на затворите во американската сојузна држава Тексас со задоволство примила донација од два големи пакети банани од пристаништето Фрипорт, каде здравствената управа утврдила дека бананите се презреани и не се за продажба.
Но, кога офицери од Управата пристигнале да го преземат овошјето, набргу откриле дека под бананите се кријат 540 пакетчиња кокаин. Вредноста на дрогата, кога би била пуштена во улична продажба, се проценува на безмалку 18 милиони долари.
– Некогаш животот ти дава лимони. А некогаш ти дава банани – прокоментираа од Управата на нивниот Фејсбук профил.