Заседава Советот за безбедност на ОН, Помпео бара да се поддржи народот во Венецуела

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги повика сите држави да го поддржат венецуелскиот народ во обидот за она што се нарекува „незаконска мафијашка држава“ на Николас Мадуро.

217
ФОТО: EPA/PETER FOLEY
ФОТО: EPA/PETER FOLEY

Во тек е седницата на Советот за безбедност на ОН за Венецуела. Русија, Кина, Јужна Африка и Екваторска Гвинеја безуспешно се обидоа да ја блокираат седницата, свикана по барање на САД.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги повика сите држави да го поддржат венецуелскиот народ во обидот за она што се нарекува „незаконска мафијашка држава“ на Николас Мадуро.

Помпео истакна дека „хуманитарната ситуација во Венецуела бара дејствување“.

Додаде дека девет од десет граѓани во Венецуела живеаат во сиромаштија, додека три милиони биле принудени да се иселат.

– Тоа го загрози меѓународниот мир и безбедноста – истакна Помпео.

Ги обвини Русија и Кина дека се обидуваат да „го поддржат Мадуро во надежта дека ќе врати милијарди долари“.

Посочи дека е време нациите да изберат страна, бидејќи, како што рече „или сте со силите на слободата, или сте во сојуз со Мадуро и неговиот хаос“.

ФОТО: EPA/PETER FOLEY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...