Зариф „хит“ во Кина поради одбрана на иранските интереси

95

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф,  кој ја предводи државната делегација во текот на посетата  на Кина, во Пекинг се стекна со статус на „славна личност”, поради страсната одбрана на иранските национални интереси на Минхенската конференција за безбедност.

Тоа на Зариф му го открил кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, за време на разговорите на двете делегации во врска со напорите за зачувување на  нуклеарниот договор на светските сили со Иран, потпишан во 2015 година, откако САД се повлекоа минатата година од тој договор.

– Синоќа гледав на телевизија како јасно и гласно ги браневте правата на Иран на безбедносната конференција во Минхен. Мислам дека стотици милиони Кинези, исто така,  го следеа тоа што го кажате и сега сте овде славна личност – му рече Ванг на Зарифу.

Многу Кинези имаат впечаток дека САД се обидуваат да го спречат глобалниот пробив на нивната земја, поради што имаат симпатии кон Иран и други земји, како на пример Венецуела.

Ванг му рекол на Зариф и дека Кина сака да ја продлабочи „стратешката  доверба” ​​со Иран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...