Зариф не сака да се види со Трамп

126
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изјави дека САД се изолорани во светот и дека не успеале да создадат коалиција со сојузниците во Персискиот залив.

– САД се сами во светот, не можат  да создадат коалиција во Заливот, рече тој на прес конференцијата – пренесоа британските медиуми.

Зариф потврди дека го одбил повикот за средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, и покрај, како што кажа, заканите и санкциите против него.

Весникот „Њујоркер“ пренесе дека американскиот сенатор Ренд Пол, со одобрение на Трамп, посредувал кај Зариф за да дојде во Белата куќа.

– Во Њујорк ми беше кажано дека за две недели ќе бидам цел на санкции доколку не ја прифатам таа понуда, која за среќа не ја прифатив – рече Зариф.

Неодамнешните американски санкции против него Зариф ги оцени како „неуспех“ на дипломатијата.

Зариф ги повика Европските земји да ги забрзаат своите напори за заштита на иранската економија од американските санкции, бидејќи во спротивно, како што кажа, Иран ќе го напушти нуклеарниот договор од 2015 доколку не бидат заштитени интерсите на Техеран.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...