Зариф: Или секаде во Заливот ќе има безбедност или никаде

61

Или сите земји од Заливот ќе уживаат во безбедноста „или сите ќе бидат лишени од тоа“, рече денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

Во авторски текст за кувајтскиот весник „Ал Раи“, Зариф нагласува дека Заливот би можел да биде безбеден преку дијалог меѓу земјите во регионот, вклучително и Саудиска Арабија и без мешање од странските сили, јави ИРНА.

Саудиска Арабија и Иран се вклучени во неколку индиректни војни и се обвинети за нападите, нагласуваат западни медиуми.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...