Триесет и едногодишната Елизабет Андерсон – Сиера од Портланд во САД, покрај своите две ќерки смета дека со сопственото млеко нахранила и околу 250 други бебиња. Млекото го дава или го продава преку Фејсбук страница, а 30 милилитри ги наплаќа еден долар.
Елизабет тврди дека е неофицијален светски рекордер по број на донации. Гинисовиот рекорд е соборен лани со 1502 литри, но оваа 31.годишна жена тврди дека таа досега донирала околу 6 илјади литри.
Андерсен-Сиера има синдром на хиперлактација заради кој е во состојба да произведе речиси 7 литри млеко дневно, што е осум пати повеќе од просекот.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Инстаграм