Започна со работа тринаесеттиот Ликовен-образовен камп „Ванѓел Коџоман“

93

Започна со работа тринаесеттиот Ликовен-образовен камп „Ванѓел Коџоман“ во Струга и Охрид.

Младите ликовни творци ќе цртаат и сликаат познати и непознати мотиви во Струга: Старата архитектура во градот, мотиви покрај езерото и Црн Дрим, во Калишта, Радожда како и посета на ликовната галерија-делата на Ванѓел Коџоман. Во Охрид мотиви од Плаошник, црквата Св. Софија, Св. Канео, Св. Наум, старата охридска архитектура и слично.

Ликовни материјали и техники за работа се: молив, графит и јаглен на цртачка хартија, пастелни бои на сликарска хартија и со акрилни бои на каширан картон и платно.

По завршувањето на ликовната колонија, в недела, 30 јуни, ќе биде подготвена изложба од изработените ликовни дела на 30 млади уметници. Отворањето на изложбата ќе биде во почетокот на месец септември во изложбениот простор на ликовниот центар и галерија во Кинотеката на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...