Запленет тон марихуана од Албанија

85

Италијанската полиција кај Лече заплени моторен чамец натоварен со тон марихуана пристигната од Албанија.

Уапсени се три лица, од нив двајца албански државјани од приморскиот град Валона на возраст од 30 и 34 години, како и еден 65-годишен италијански државјанин.

Според полицијата, дрогата, која била спакувана во 49 големи пакети, доколку стигнала на нарко пазарот би достигнала вредност од 10 милиони евра.

Трговците со дрога овој пат избрале нов начин како да се „прошверцуваат“ на италијанскиот брег. Наместо како до сега тоа да го прават во текот на ноќта, овој пат се обиделе да се измешаат со туристичките пловни објекти, но не успеале да ја измамат крајбрежната стража.

Ова е последователна успешна акција на италијанската полиција во сузбивањето на недозволената трговија марихуана пристигната од Албанија. Во претходната акција беа запленети 2,5 тони.

Инаку, од почетокот на годинава италијанската полиција на повеќе приморски места запленила над 15 тони марихуана, пристигната со моторни чамци од Албанија, петнаесеттина големи моторни чамци и уапсени 32 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...