Црногорската полиција заплени големо количество оружје и муниција, средства за комуникација, автомобил и уапси пет лица.
Полицијата изврши претрес на 22 места во Подгорица, Цетиње и Даниловград, каде е пронајдено оружјето.
Против уапсените се поднесени кривични пријави и тие ќе бидат изведени пред обвинител.
Конфискуваните предмети ќе бидат дадени за експертиза, соопшти Управата на црногорската полиција