Запленети 18.000 културни предмети и уапсени 59 лица

201

Царинските служби и другите органи за спроведување на законот од 29 држави, координирани од Шпанската цивилна гарда и со поддршка од Европол, Интерпол и Светската царинска организација (ВЦО) за време на операцијата Пандора Три запленија 18.000 културни предмети и уапсија 59 лица.

– Меѓу запленетите работи има археолошки предмети, мебел, монети, слики, музички инструменти и скулптури. Исто така има и детектори за метал – соопшти денеска Европол.

Поголемиот број запленети предмети потекнуваат од европските држави, но 30 се од Колумбија, Египет, Ирак и Мароко.

– Борбата против незаконската трговија со културни добра на интернет е клучен предизвик. Криминалните групи ја користат предноста на дигиталните платформи како што се веб страници, социјални медиуми и апликации за размена на пораки за продажба на културни артефакти со незаконско потекло – се наведува во соопштението на Европол.

Во рамките на операцијата Пандора Три холандската полиција организира кибер патроли, во кои учествуваа експерти од 21 земја, од Европол, од Интерпол и од ВЦО. На мета биле вкупно 169 сомнителни интернет-страници, што резултира со заплена на 682 предмети.

Од 22 до 30 октомври 2018 година биле извршени инспекции во аукциските куќи, уметнички галерии, музеи и приватни куќи, што резултирало со апсење на 49 лица и изрекување на 67 административни санкции.

Во операцијата холандската полиција откри Библија од 15 век, која била украдена пред 25 години. Тоа ретко издание е запленето и вратено во Германија.

Германската царина запленила древен кристален цилиндричен печат од Месопотамија, но истрагата за тој предмет е во тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...