Запалена кукла на Јуда во Полска, Евреите огорчени

111

Светскиот еврејски конгрес изрази огорченост поради палењето на куклата која претставува стереотип на Евреите, во полскиот град Прухњик, за време на велигденските ритуали.

– Евреите се многу вознемирени поради ова ужасно заживување на антисемитизмот – рече извршниот директор на Светскиот еврејски конгрес, Роберт Сингер.

Граѓани на Прухник, вклучувајќи и деца, на католичкиот Велики петок прво ја удирале, а потоа и запалиле куклата.

Фигурата го претставувала Јуда, кој според Новиот завет го издал Исус Христос.

Полските граѓани, исто така, изразија незадоволство поради инцидентот, кој последен пат во оваа земја беше виден пред Втората светска војна.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...