Заменикот јавен обвинител на САД, Розенстин, ќе ја напушти функцијата во март

41

Американскиот заменик јавен обвинител, Род Розенстин, ќе ја напушти функцијата кон средината на март, соопштија извори во Министерството за правда на САД.

Претходно беше јавено дека Розенстин ќе ја напушти функцијата по именувањето на новиот јавен обвинител. Актуелизирањето на оставката на Розенстин следи откако новиот јавен обвинител Вилијам Бар веќе стапи на должност.

Розенстин во 2017 година го назначи Роберт Малер за специјален обвинител со задача да раководи со истрагата за наводната вмешаност на Русија во изборите во 2016 година.

Поради ова, американскиот претседател Доналд Трамп многупати досега го критикуваше Розенстин, оценувајќи дека истрагата за наводниот заговор помеѓу неговиот изборен штаб и Кремљ претставува „лов на вештерки“.

Трамп е изложен на критики поради постојаните смени на раководни лица во неговата Администрација и испразнетите високи функции. Се проценува дека околу четвртина од членовите на претседателскиот Кабинет се вршители на должност, како и дека се испразнети околу 40 отсто од клучните раководни места во Администрацијата, за чии пополнување е потребно одобрение од Сенатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...