Четирите жени земени како заложници од вчера попладне до касните ноќни часови од страна на 17- годишно момче во продавница за тутун и цигари во Блањак, во близина на Тулуз, се ослободени „здрави и живи“. Нивниот грабнувач околу полноќ се предаде на силите на редот, јавува дописникот на МИА.
Една од заложничките, сопственичка на продавницата, изјави дека киднаперот се однесувал коректно со неа и нејзините вработени.
– Тој ни дозволи да пиеме и да јадеме, рече дека е од вооруженото крило на „жолтите елеци“ и дека ја нападнал продавницата за тутун и цигари, бидејќи тоа било многу одданочено место, а тој сака рамноправна Франција – изјави сопственичката на продавницата за француското радио.
Таа додаде дека лицето два пати пукало со пиштолот и дека тие биле врзани.
Киднаперот ја започна својата акција во 16 часот и 20 во минути во продавницата, која е многу посетена, бидејќи функционира и како бар.
Првата жена беше пуштена околу 20 часот, пред другите три да бидат ослободени околу еден час подоцна.
Заложници беа сопственичката на локалот и вработените.
Подоцна и напаѓачот се предаде без отпор.
– Ова младо момче им било познато на силите на редот поради насилств врз полицијата, кражба, но и за неговото учество во декември на демонстраците на „жолтитеелеци“, каде што тој беше уапсен – изјави обвинителот на Тулуз, Доминик Алзеари.
Тој додаде дека момчето во својот дом оставило писмо, од кое се гледа дека бил депресивен или загрижен за здравствената состојба.
– Во него тој алудира на движењето на „жолтите елеци“, но уверува дека делото што сака да го изврши не би го надминало овој пристап, што на крајот, сепак, излезе спектакуларно – рече јавниот обвинител, додавајќи дека момчето биде испрашувано 48 часа пред да биде претставен пред истражен судија.