Законски новини за вработените во Агенцијата за национална безбедност

251

Владата на денешната седница ги разгледа и утврди новиот Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа и Предлог-законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор.

– Целта е хармонизација на домашното законодавство во поглед на спроведувањето на реформата во безбедносно-разузнавачкиот систем во државава, која повлекува вработените и актите за внатрешна организација и систематизација во Агенција за национална безбедност да бидат изземени од организациската поставеност на Министерството за внатрешни работи да бидат третирани во друга подгрупа (овластени службени лица) на вработени во јавниот сектор, односно статусот на вработените и актите за внатрешна организација и систематизација да бидат уредени со материјален закон, соопшти владината прес-служба.

Двата предлог закона ќе бидат доставени до Собранието на РСМ на усвојување во редовна собраниска постапка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...