Законски измени за поефективно користење на земјоделското земјиште

229

Со законски измени ќе се отстранат пречките за можноста за промена на бизнис план или програмата за начинот на користење на земјоделско земјиште и за докапитализација на земјоделското земјиште на повеќе од три хектари.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште е усвоен денеска на седница на Владата  и ќе биде доставен на усвојување во Собранието.

Со предложените законски одредби ќе се овозможи земјоделските стопанства да можат да аплицираат на огласи за закуп на земјоделско земјиште до 10 хектари, со дополнително олеснување обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот да стапи во сила три години по влегувањето во сила на договорот за закуп.

– Со предложените законски решенија се овозможува поголема правна сигурност на учесниците во постапките за давање во закуп на земјоделско земјиште, изградба на објекти на земјоделско земјиште за промоција и продажба на земјоделски производи преку рурален туризам и објекти за спортско-рекреативни активности и други поволности за земјоделците кои досега беа пречка за можноста за промена на бизнис планот или програмата за начинот на користење на земјоделското земјиште, или оневозможуваа докапитализација на земјоделското земјиште на повеќе од три хектари – соопшти владината служба за информирање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...