Владата го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа со кој се обезбедува правна основа за еднообразна примена на царинската тарифа.
Со предложените измени и дополнувања на овој закон се овозможува примена на европското законодавство. При тоа се усогласуваат стручните називи на производите со повластена стапка на ДДВ и други мерки поврзани со увоз и извоз.
Истовремено измените се создаваат услови за примена на иста царинска тарифа. Ова ќе почне да се применува со новиот систем за обработка на царински и акцизни документи.
За законските измени треба да расправа и Собранието .