Европскиот парламент денеска упати официјална покана до извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг следната недела да сведочи пред неколку парламентарни комисии во Стразбур, соопшти портпаролот на ЕП.
ЕП на пленарна седница ќе расправа за случајот со незаконско споделување податоци на социјалната мрежа со фирмата „Кембриџ аналитика“, независно од тоа дали поканата ќе биде прифатена или не.
Закерберг имаше дводновно сослушување во Конгресот на САД, при што призна дека споделувањето лични податоци било грешка и неколкупати се извини за случајот.