Закерберг лани потрошил 7,3 милиони долари за лично обезбедување

Трошоците за безбедноста на Закерберг лани се зголемени за околу 50 отсто на годишно ниво, од 4,8 милиони долари во 2016 година.

237

Основачот и извршен директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг за свое лично обезбедување во текот на 2017 година потрошил 7,3 милиони долари, покажуваат податоците што компанијата ги доставиле до американската Комисија за хартии од вредност.

Трошоците за безбедноста на Закерберг лани се зголемени за околу 50 отсто на годишно ниво, од 4,8 милиони долари во 2016 година.

„Фејсбук“, исто така, имал трошоци од 1,5 милиони долари за користење на приватен авион, во споредба со 870.000 долари за истата цел во текот на 2016 година.

Зголемувањето на трошоците за безбедноста и приватните авиони најверојатно се евидентирани поради последната кампања на Закерберг, кога патуваше во голем број американски држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...