Закерберг вети дека неговиот тим ќе се погрижи за поголема заштита на Фејсбук

31
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Марк Закерберг вети дека неговиот тим ќе се погрижи во иднина Фејсбук да овозможи поголема заштита на личниот живот на корисниците, со цел да се врати довербата во платформата.

– Фејсбук мора да биде обединета мрежа што ќе биде понасочена кон приватните размени, за разлика од објавите видливи за голем број луѓе и на форматите како „приказна“ (story) каде што објавите се бришат по 24 часа. Кога размислуваме за иднината на интернетот, мислиме на тоа како платформите за приватни комуникации да бидат поважни од денешните „отворени платформи” – истакна Закерберг.

Тој натаму напомна дека промените ги следат новите вкусови на корисниците. Планот практично  значи техничко потесно поврзување на опциите за јавни објави со Месинџерот, Инстаграм и со Ватс-Ап.

– Иако во овој миг не сме високо на листата во однос на заштитата на приватноста, ќе развиеме услуги кои луѓето навистина ги посакуваат – истакна Закерберг.

ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...