Заканите во Москва упатени од телефонски број регистриран во Украина

110

Заканите за поставена бомба, кои денеска ги добија 15 трговски центри во Москва, се упатени од телефонски број регистриран во Украина, објави агенцијата ТАСС, цитирајќи неименувани полициски извори.

– Сите телефонски повици се упатени од број регистриран во Украина – рекол изворот.

Повеќе од 5.000 луѓе беа евакуирани поради заканата од бомба.

– Евакуирани се повеќе од 5.000 луѓе – купувачи и вработени во 15 трговски центри кои добија анонимни закани – вели неименуваниот извор, додавајќи дека досега е откриено оти најмалку половина од заканите се лажни.

Во тек се проверки и на преостанатите трговски центри, вели изворот, додавајќи дека најверојатно во сите случаи заканите биле лажни.

Анонимните повици следеа еден по друг после 11.30 часот по московско време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...