Бразилскиот министер за економија, Пауло Гедеш, се закани дека ќе поднесе оставка и ќе ја напушти земјата ако не успее неговиот проект за реформа на пензискиот систем.
Гедеш рече дека во случај Парламентот премногу да го разводни неговиот предлог, „ќе седне во авион и ќе замине да живее во странство“.
– Јас не сум неодговорен, не велам дека ако реформата не биде усвоена, ќе заминам утре … Но, јас може јасно да кажам: Слушајте, направив што морав, не сум подготвен да останам. Ако не ја спроведеме реформата, Бразил ќе биде во оган и крв – рече министерот.
Тој додаде дека сегашниот пензиски систем е банкротиран.
-Нема да имаме пари да платиме државни службеници. Ќе има хаос во јавниот сектор …Реформите се итно потребни, бидејќи пазарот нема да чека долго – тврди Гедеш.