Глобалниот финансиски пазар денеска опадна, откако американскиот претседател, Доналд Трамп, неочекувано го зголеми притисокот врз Кина за да постигне трговски договор во пресрет на преговорите, велејќи дека оваа недела ќе ги зголеми американските тарифи за кинеските производи.
Пазарот на акции, поради кои во голема мерка се очекуваше дека двете страни наскоро ќе постигнат трговски договор, значително се намали, со оглед дека натамошните разговори за ставање крај на трговската војна беа неизвесни.
Трговската војна резултираше со милијарди долари загуби за двете страни, предизвикувајќи колатерална штета на стопанството и компаниите кои се зависни од извозот, од Јапонија до Германија.
Кинеските акции паднаа за повеќе од 6 отсто, додека американските берзи паднаа за 1,6 отсто. Цената на нафтата падна, а кинескиот јуан ослабе.
Трамп остро реагираше на тензијата меѓу двете најголеми светски економски сили. Тој на Твитер напиша дека трговските разговори со Кина се „преспори“ и дека ќе ги зголемат царинските давачки за кинеските производи од 10 на 25 отсто.