Владата го чека усвојувањето на законските измени Законот за јавно приватно партнерство и концесии за да ја почне постапката за потпишување на анекс на Договорот со концесионерот на аеродромите, турски ТАВ.
Ова го најави премиерот Зоран Заев, на денешната прес конференција образложувајќи го Предлог буџетот за следната година.
– Со анекс договорот треба да бидат на располагање 35 милиони евра од турскиот концесионер кои не беа инвестирани во карго аеродром во Штип. Деведесет проценти од тие пари ќе се искористат за изградба на водоводи и канализациски системи, а мал дел за градинки, училишта, спортски сали – рече Заев.
Повеќето од проектите во општините, акко што рече Заев ќе се финасираат од сопствени извори и од кредитната линија од Европската инвестициска банка и КФВ банката.