Заев ќе се сретне со министерот, па ќе се знае дали ќе се поништува конкурсот во културата

509

По средбата на премиерот Зоран Заев со министерот за култура Асаф Адеми ќе се знае дали ќе се поништи дел од конкурсот на Министерството за култура кој наиде на реакции во изминатите денови.

Средбата, како што денеска изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, најверојатно ќе се реализира во петок.

– По враќање од службен пат, министерот Адеми ќе има средба со премиерот Зоран Заев и по тој состанок ќе се знаат понатамошните чекори. Дали ќе има поништување на дел од конкурсот, ќе се знае по работниот состанок – истакна Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференцијата во Владата на Република Северна Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...