Заев ја посети „Костал“ каде платата е 500 евра

1328

Безмалку 500 евра (495) е нето платата во германската компанија „Костал“ која се наоѓа во Охрид а чии погони вчера ги посетија премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Компанијата досега инвестирала 29 милиони евра и таму работат 350 луѓе.

Заев посочил дека „Костал“ во Охрид работи три години и има просечна бруто плата од 730 евра, односно нето платата е речиси 500 евра што е амбиција на Заев за сите граѓани и ветување кое беше дел од изборната кампања.

Постојни клиенти на „Костал“, рекоа од компанијата, се „БМВ“, „Дајмлер“, „Порше“, „Тесла“ и „Ролс Ројс“.

Од оваа година „Костал“ најави дека ќе изработува и проекти за „Ауди“, „Фолксваген“, „Сеат„ и „Шкода“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...