Заев: Финишираме план за соработка со Мајкрософт

Посебно внимание на средба било посветено на темата сајбер безбедност, и на можностите што Мајкрософт може да ги понуди на овој план, за да се обезбедат владините комуникации и за да се реагира на сајбер нападите брзо, одговорно и ефикасно, како и за потребата од компатибилност на безбедносните системи и протоколи со оние на НАТО и на ЕУ.

421

Финиширање на подготовките кои треба да се преточат во договор за соработка на Владата со Мајкрософт, кои беа започнати во Давос оваа година, беше тема на разговор меѓу премиерот Зоран Заев и делегација на компанијата Мајкрософт предводена од Филип Рог, претседател на компанијата за централна и источна Европа.

Како што соопшти владината прес служба, премиерот на средбата информирал  дека Владата е особено заинтересирана за целосна дигитализација на јавната администрација, како една од целите на Стратегијата за информатичка и компјутерска тегнологија, која за приоритет има побрзи и поквалитетни услуги за граѓаните.

„Во разговорот беше истакнато дека воведувањето на модерна и технолошки напредна инфраструктура, и со соодветно обучена администрација и пријателски дигитални услуги се предност и кога станува збор за привлекување на директни странски инвестиции, како и за приватните компании во земјата, на кои ќе им биде максимално олеснета комуникацијата и извршувањето на работите на инвеститорите низ дигитализираните процедури“, соопштија од владината прес служби.

Посебно внимание на средба било посветено на сајбер безбедноста, и на можностите што Мајкрософт може да ги понуди на овој план, за да се обезбедат владините комуникации и за да се реагира на сајбер нападите брзо, одговорно и ефикасно, како и за потребата од компатибилност на безбедносните системи и протоколи со оние на НАТО и на ЕУ.

Заев, како што соопштија од прес службатса, истакнал и дека од идната соработка со Мајкрософт очекува и дигитални решенија и напредна технологија апликативна во образованието за да им се овозможи на младите да се стекнат со знаења и вештини во дигиталната технологија која ќе ги направи конкурентни на пазарот.

Од компанијата Мајкрософт потенцирале дека тие се запознати и со внимание ја следат имплементацијата на владините програми за поддршка на ИТ компаниите и секторот и дека се подготвени да земат учество во поддршка на стартап компаниите и акацелераторите во бизнисот со информатичка технологија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...