Заев: Улогата на синдикатите е да бидат будно око за правата на работниците

124

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со делегација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) претставници на синдикатите, членки на ССМ, предводена од претседателот Дарко Димовски.

Владината прес-служба соопшти дека учесниците на состанокот го поздравија напредокот на социјалниот дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и Владата како движечка сила за зголемување на економскиот просперитет и заклучија дека е потребно понатамошно унапредување.

– Премиерот Заев истакна дека Владата на Северна Македонија останува цврсто на определбите да биде партнер во социјалниот дијалог, давајќи значаен придонес за унапредување на правата на работниците во соработка и партнерски однос со синдикатите и работодавачите. Во рамките на состанокот се отвори дебата за состојбите со кои се соочуваат синдикатите и беше истакната поддршката на државата за Општите колективни договори за стопанството. Се разговараше за потребата од исплата на регрес за годишен одмор и за јавната администрација, како и за покачување на платите на работниците, се наведува во соопштението.

Заев истакна дека  улогата на синдикатите е да бидат будно око за правата на работниците и подвлече дека Владата работи на мерките за обезбедување поголема сигурност и подобрување на животниот стандард на работниците, како партнер во социјалниот дијалог заедно со Синдикатот и работодавачите.

-Позитивно беше оценет напорот на ССМ да се вклучи во процесот, со свои сугестии за прашањата од сферата на трудот и од нивна страна беше поздравено претходното зголемување на платите на вработените во здравството и културата, информира владината прес-служба,

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...