Крак до Охрид има во рамки на проектот на железничко поврзување Кичево -Лин, информира денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање на граѓанин на граѓанската трибина „Силна економија – шанса за сите“.
– Проекциите предвидуваат конектирање на регионот со пругата Кичево-Лин. Но желбата е убава, но со самата имплементација ќе се најдеме во процес подоцна да бидеме завршени на главниот проект на пругата Кичево -Лин кој чини повеќе од 529 милиони евра. Но добро е што правите притисок. Главниот проект и физибилите студијата се готов за да може да се бара инвеститор. Се чека конечната потврда на УНЕСКО. Другиот дел ни отвора проблем со Галичица и нејзиното природно богатство. Ја почитуваме стратегијата за Галичица и овој проект ќе го решиме. Охрид и Струга ќе се поврзат со пруга – рече Заев.