Заев: Со засукани ракави и добра работа ќе ги пробиеме проектираните параметри за раст

Оптимизмот, како што изјави денеска премиерот, го темели на податоците за раст на индустриското производство во првите два месеца од годинава за 11, односно седум проценти, растот од 312 проценти на капитални инвестиции во државни патишта, како и на растот на извозот од зоните за 25 проценти во првиот квартал.

130

Премиерот Зоран Заев очекува економски раст од над четири отсто во првиот квартал годинава и надминување на проекциите за раст од 3,2 отсто за целата година.

Останува на заложбите за економска година, а оптимизмот, како што изјави денеска, го темели на податоците за раст на индустриското производство во првите два месеца од годинава за 11, односно седум отсто, растот од 312 отсто на капитални инвестиции во државни патишта, како и на растот на извозот од зоните за 25 отсто во првиот квартал.

– Светската банка ги следи трендовите кои се случуваат, коишто нам ни даваат за право да останеме на нашите стојалишта и би кажал дури и повеќе, ќе ги поминеме проектираните 3,2 отсто, од причина што во февруари индустријата порасна за седум проценти, во јанаури за 11 отсто. Вкупните капитални инвестиции во патишта се зголемени за 300 отсто. Лани во првиот квартал имало 980 милиони денари, а сега се 2,8 милијарди денари што е раст од 312 отсто. Синоќа доцна го добив податокот од растот на увозот и извозот во индустриските зони, од тирзовите, кој е зголемен над 25 отсто – рече Заев, во коментар на различните проекции за растот со Светска банка и неодамнешните критики од Германската стопанска комора.

Тоа, потенцираше, се сериозни индикатори коишто покажуваат дека нашата економија чекори со забрзано темпо.

– Во полн интензитет е и гасификацијата, железницата е целосно ослободена, тоа се 75 отсто од капиталните инвестици во државата, а останатите 25 отсто ги придвижуваме во деловите за канализации, градинки и училишта. Само со засукани ракави и добра работа можеме да ги пробиеме дури и проектираните параметри – рече Заев.

Германската стопанската комора, посочи, со право реагира кога ние како социјалдеморкати и левичари носиме одредени мерки, но наша обврска како Влада покрај бизнисот и економијата е солидарноста и помагањето на сиромаштијата.

– Верувам дека сите заедно уште на пресекот на ова полугодие ќе видиме дека ова е вин вин ситуација, добиваат и посиромашните, а добиваат и деловните луѓе во економијата -изјави Заев, при учеството на регионалната конференција на Сојузот на Ротари клубови на РСМ на тема: „Националната економија во пресрет на ЕУ – предизвици и искуства“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...