Заев со благодарност до Харгитаи за поддршката на ЕБРД

145

Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски имаа средба со регионалната директорка за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Жужана Харгитаи.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев ги истакна позитивните вести кои денеска Македонија ги доби од Брисел, нагласувајќи дека тоа е од големо значење за граѓаните на Република Македонија и нивната европска иднина.

Премиерот исто така изразил задоволство и благодарност за активното присуство и работата на ЕБРД во регионот, со што дава значаен придонес во поттикнувањето и одржувањето на развојот на Република Македонија на полето на инфраструктурата и енергетиката, гасификацијата и развојот на општините во Република Македонија, како и одржувањето на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан.

– Посебно беше поздравена петнаесетгодишната поддршка која Македонија ја добива од оваа Банка, и беше изразена спремност за заедничка работа и имплементација на идеи и проекти од областа на инфраструктурата, железницата, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, кои би ја продлабочиле и би ја направиле по плодна постоечката соработка – се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...