Премиерот Зоран Заев со видео порака на својот профил на Фејсбук, го најавува претстојниот инвестициски циклус од околу пет милијарди евра.
„Една милијарда во патишта, една милијарда во железница, една милијарда во енергетика, нов Клинички центар, инвестиции во земјоделството и руралниот развој, нови пречистителни станици, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки… Градиме реални проекти за реални потреби на сите граѓани. Нашата држава е на добар пат“, вели Заев.