Заев преку буџетот најави повисоки економски резултати

Во однос на планираните инвестиции за следната година Заев рече дека очекува да се реализираат оти најголемиот дел од проектите кои се потребни за нивна реализација веќе се подготвени а за гасоводот однапред е извршена експропријација на земјиштето.

114

Пред нас е економска година во која парите на народот уште повеќе ќе одат во проекти за поддршка на граѓаните од сите категории, особено најранливите, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата на која заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски ги презентираа проекциите на Буџетот за 2019 година.

– Промовиравме ново, праведно оданочување, реформа на пензискиот систем и зголемување на социјалната благостојба. Со буџетските промени за 2019 најавуваме пресвртница во економските политики. Силниот фокус на евроатлантските интеграции го зајакнуваме со Буџет за растечка економија, за социјална ораведност, за поквалитетни здравствени услуги и за подобро живеење на сите -рече Заев.

Според него, фискалната политика на Владата за 2019 година е во функција на обезбедување економски раст, социјална сигурност и забрзано евроатланстко интегрирање. Дизајниран е да ја одржи макроекономската стабилност и да овозможи фискална консолидација.

Премиерот уште еднаш најави дека ќе продожи растот на платите и на вработувањата во приватниот сектор.

– Просечната нето плата ќе продолжи да расте и се очекува да изнесува 4,5 отсто на номинална основа, проекцијата за раст на бројот на вработените е 2,1 отсто што ќе придонесе просечната стапка на невработеност да се намали на околу 20 отсто – информира Заев.

Тој дополнително рече дека сите министерства не ги добиле парите што ги сакале, оти како што рече годинава затаиле во реализирање на проектите.

Министерот Тевдовски, пак, најави капитални проекти во патната, железничката и енергетската инфраструктура, како и вложувања во земјодлеството. Тој очекува економскиот раст да се придвижи поради зголемената лична потрошувачка.

Во однос на планираните инвестиции за следната година Заев рече дека очекува да се реализираат оти најголемиот дел од проектите кои се потребни за нивна реализација веќе се подготвени а за гасоводот однапред е извршена експропријација на земјиштето.

-Ослободена е откочена втората фаза од пругата и почната е постапката за третата фаза.Гасификацијата се гради на двата правци Кавадарце- Битола и Тетово- Гостивар каде што се решени имотноправните односи. Дури за овој проект решени се експропријацииите од Гостивар кон Кичево.Патиштата сите се реализираат освен Кичево- Охрид. Вкупно 450 милиони евра ќе чини Клиничкиот центар,102 милиони евра се наменети за водоводи каде се готови проектите исто така готови се проектите и за изградба на школи во износ од 30 милиони евра и дополнитлено има пари за градинки и депонии -рече Заев.

Буџетот за идната година е проектиран на 3,7 милијарди евра, а буџетскиот дефицит да изнесува 288 милиони евра. Инвестициите ќе изнесуваат 418 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...