Заев: Преговараме минималната да биде 13.000 денари

137

Ја покачивме миниминалната плата но не застануваме. Преговараме за ново зголемување. Минималната плата да биде 13.000 денари, за повеќе пари да завршат кај граѓаните и да се забрза порастот на платите. Водиме политики со кои ја зголемуваме и просечната плата, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера од граѓанската трибина во Куманово.

Заев зборуваше и за подготовките за стапувањето на сила на електронскот систем на поврат на ДДВ кој пробно ќе биде тестиран во наредните месеци, за потоа да стане редовна постапка од  која бенефит ќе имаат и граѓаните и државата.

– Каде и да мрднете има ДДВ. Ако сметката е 1000 денари, 180 денари е ДДВ и од тие 180 денари 15 отсто се враќа назад кај граѓаните. Од сите сметки меѓу 20 и 30 илјади денари ќе враќа семејството годишно – рече претседателот на СДСМ.

Сите економски параметри се во нагорна линија, напредокот го дава резултатот и покажува дека земјава и економијата се движат во вистинска насока, додаде Заев.

– 624 милиони евра странски дирекни инвестиции, раст на економијата, раст на БДП од 3.7 отсто, раст на индустриското производство само за првиот квартал од  8.8 отсто, зголемен извоз и увоз од ТИРЗ за 27.5 отсто се потврда за вистинската насока по која се движи економијата ,односно државата – рече лидерот на СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...