Заев: Од „Фени“ биле испумпани повеќе од 50 милиони евра

Премиерот рече дека поранешен министер за внатрешни работи организирал превоз, поранешен директор на УБК бил главен и за руда од Албанија и за се што се работело во приватни компании.

284

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на обвинувањата од опозицијата за наводи за корупција во „Фени“, кажа дека во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ некој го „препокривал“ работењето во комбинатот.

– Во ваше време некој го препокрива работењето на „Фени“, испумпани се повеќе од 50 милиони евра, пари надвор од државата, две години немаат завршна сметка. Некој да премижува на тоа прашање и апсолутно тоа се најважните причини зошто Фени беше пред ликвидација кога дојде оваа власт – рече Заев.

Премиерот рече дека поранешен министер за внатрешни работи организирал превоз, поранешен директор на УБК бил главен и за руда од Албанија и за се што се работело во приватни компании.

– Затоа се денес последиците, но не само за едно евро, создадовме компетативност и во моментот 50 милиони пари од надвор се влезени овде, исплатени се банките, 90 отсто од државата е исплатена, 18 отсто од други непокриени доверители се исплатени и до крај до 100 отсто ќе бидат сите исплатени. И гарантирана е инвестиција во репарација на печките и да му се даде иднина на „Фени“ заради тоа што е важно за државата, важно е за кавадарчани, важно е за сите, важно е за Македонија – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...