Ги пробивме сите рекорди за странски инвестиции, зголемен е БДП-то, намалена е невработеноста, се качуваат платите. Во тек е заокружување на клучните реформи. Очекуваме ЕУ да ги вреднува овие резултати на Република Северна Македонија во јуни, рече премиерот Заев по средбата со претседателот на Парламентот на Република Албанија, Грамоз Ручи.
Тој ја нагласи одговорноста и на власта и на опозицијата во важните евроинтеграциски процеси. На состанокот е посочено дека дијалогот е многу важен за демократскиот развој на државите и нивните европски перспективи. И од двете страни е посочено е дека се силно посветени на стратешката определба за успех во јуни.
Заев потенцираал и дека во Северна Македонија успешно функционира концептот едно општество за сите. Тој ја нагласл како одлична соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија и посебно ги потенцирал граничните олеснувања, градењето доверба меѓу двете институции и инфраструктурното поврзување, како придонес кон мобилноста на луѓе и стоки.
На средбата се истакнати политиките на премиерот Заев како политики на визија и посветеност и успех за Република Северна Македонија, но и на земјите од целиот регион.
Договорот од Преспа е посочен како историски договор што ги отвори историските перспективи на нашата држава во НАТО, поради што е изразена целосна поддршка на интеграциите на Северна Македонија.
Заев се заблагодари за брзата постапка на ратификацијата на Протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО во албанскиот Парламент и посочи дека бенефитите почнуваат да се чувствуваат за граѓаните.
.