Заев: Новиот закон за катастар ќе го реши хаосот со авионското снимање

Во тој закон го има решението за Охрид и скопско каде што со авионското снимање се изместени меѓите. Со новото законско решение ќе се реши и овој проблем – рече Заев одговарајќи на прашање.

341

Премиерот Зоран Заев денеска најави решение на проблемите на граѓаните со катастарот поврзани со авионското снимање  од пред десет години кое придонесе  димензиите на нивните урбанистички парцела не се поклопуваат со димензиите на катастарските парцели.

Одговарајќи на прашање на охриѓанка на граѓанската трибина „Силна економија – шанса за сите“, Заев рече дека решението е во законотт кој се подготвува од страна на Министерството за правда.

– Решение на проблемот со хаосот во катастарот по авионското снимање има во новиот Закон за катастар. Тој се подготвува во Министерството за правда и веќе е доставен во работна верзија. Во тој закон го има решението за Охрид и скопско каде што со авионското снимање се изместени меѓите. Со новото законско решение ќе се реши и овој проблем – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...