Премиерот Зоран Заев ги охрабри компаниите од челичната индустрија да продолжат со своите планови за 2019 година, ако планирале зголемување на производството и извозните квоти во ЕУ да не ги демотивираат во тоа. Тој рече дека секогаш има можност да се изнајдат.
Проблемот е што преку квотите, не може да се исполнат оние амбициозни планови, што се направени од страна на компаниите, а кои се многу поголеми од просекот од трите претходни години. Тука е проблемот. Но, верувам дека ако овие планови имаат тенденции, и сакам да ги охрабрам да продолжат со своите планови, секој пат ќе се изнајдат решенија- рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на проектите од првиот повик од третиот столб од Планот за економски раст.
Заев тврди дека фокусот на Владата останува комплетно насочена кон поддршка на овие компании.
– Навистина не е потребна посебна паника. Станува збор за просекот од трите последни години, зголемен за пет проценти. Проблемот е што сега е квота и компаниите генерално се плашат една од друга некој да не го зафати делот и на другите компании и ние тука може да менаџираме. И секеко, им стоиме на располагање, да им бидеме сервис. Имаме и дополнителна квота, таа глобалната, која доколку било која земја не ја искористи ние да можеме дополнително да ја искористиме -рече Заев.
Тој очекува ЕУ и овој пат да има разбирање за состојбите во земјава оти сите контроли во врска со квотите на компаниите поминале.
-На ова работеше потпретседателот Кочо Анѓушев, работеше вицепремиерот Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши и лично разговарав со претседателот на ЕК Жан Клод Јункер. Сите заедно работиме на оваа тема и нашата амбасада во Брисел е целосно посветена, а имаат дел од компаниите и адвокатски тимови. Помина и делот на инспекциски контроли од страна на ЕУ кон компаниите дома и верувам дека на крајот сето тоа не смее да остане демотивирачки за самите компаниите- рече Заев.
Тој додаде дека изјавите за стотици милиони или 200 милиони евра штети, што се споменуваат во јавноста се апсолутно не се точни, но Владата ги следи состојбите и останува отворена за поддршка на компаниите.