Заев: Нека кажат Беса, Алијанса, па и ДУИ што им пречи во „Мал Шенген“, подготвен сум да одговорам

Тој рече дека целиот регион е заинтересиран за иницијативата, а тоа го покажале и премиерите на Црна Гора и Босна и Херцеговина.

8448

Премиерот Зоран Заев рече дека како премиер нема обврска за потезите кои ги презема за олеснување на животот на граѓаните да ги консултиира партиите и ги повика партиите на Албанците во земјава  да кажат на што имаат забелешка во врска со иницијативата „Мал Шенген“ во која се вклучени Србија, Албанија и земјава.

Ова беше одговор на реакцијата на партиите дека тие не биле за „Мал Шенген“ бидејќи во него не учествува Косово.

– Нека кажат партиите Алијанса Беса па и ДУИ што им пречи во договорите за „Мал Шенген“ подготвен сум да кажам зошто се потпишани. Треба да кажат против што се? Дали се против намалување на царините, да нема нервози  и долги колони на царинските премини…? Дали се против отворен пазар на трудот укинување на визите во случаи кога еден турист веќе влегол во една од земјите членки на иницијативата „Мал Шенген“да може да ги посети туристичките локалитети в осите семји од иницијативата…? – праша Заев.

Тој рече дека целиот регион е заинтересиран за иницијативата, а тоа го покажале и премиерите на Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Заев рече дека и Kосово може да се приклучи кон иницијативата, но Косово бара да биде покането како посебна држава, што, пак, е дел од нерешен проблем меѓу Косово и Србија каде што другите земји не можат да се мешаат.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...